Скопјанец пријавил дека бил истепан на влезот на скопскиот аеродром

by Fokus

Синоќа по полноќ скопјанец пријавил дека бил нападнат од две лица на влезот на скопскиот аеродром, информираат од МВР.

„На 27.06.2021 во 01.50 часот во СВР Скопје, О.Е.(32) од с.Шишево, скопско, пријавил дека околу 00.25 часот на влезот од Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости