336
Дваесет и петгодишен скопјанец со автомобил удри во малолетен пешак во Чаир.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера на крстосница од улицата Аугуст Цесарец со улицата Благоја Паровиќ,
Патничко возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(25) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.