426
Вчера во 20 часот во Скопје на улицата „23-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода во која В.О. (26) од Скопје управувајќи мопед „Сим“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот.
Од незгодата, В.О. се задобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.