Шеесет и шестгодишен скопјанец вчера починал на скопските клиники, откако претходно бил донесен на лекување поради повреди кои ги добил при физички напад, односно имал модринка на окото и расекотина на образот.
-На 11.08.2018 година во 13.18 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на вработена во Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека на одделението починал С.М. (66) од Скопје, кој бил примен на 03.08.2018 година во 08.30 часот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. На 03.08.2018 година во 03.00 часот С.М. пријавил дека истиот ден околу 02.00 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди(модринка на левото око и расекотина на десниот образ). По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава, информираат од МВР.