119
75-годишен човек паднал од кровот на куќата во скопската населба Чаир, па итно бил пренесен во болница.
На 23.07.2024 во 10.20 часот во СВР Скопје, К.С.(43) од Скопје пријавил неговиот татко С.С.(75) паднал од кровот на семејната куќа на подрачјето на Чаир. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје.