78
На 30.01.2024 во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патека, при симнување од врвот на Водно кон Средно Водно, паднал и со тешки телесни повреди се здобил С.С.(53) од Скопје.
Со интервенција на екипа од Единицата за брзо распоредување при МВР, С.С. бил пренесен до возило на Итна медицинска помош, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје за укажување лекарска помош.