156
Полицијата синоќа го приведе А. Ш. (24) од Скопје по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во селото Визбегово, Скопско, со закана со остар предмет и физичка сила, од својата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел двете малолетни деца.
Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на мајка им.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава, објави МВР.