563
Скопјанец на возраст од 49 години вчера попладне околу 17 часот бил најден починат во неговиот дом на улица „Никола Русински“ во Скопје.
Смртта во полициската станица Карпош ја пријавил лекар од Итна медицинска помош кој не можел да му помогне. Во станот на починатиот била и педесет и седумгодишна жена која изјавила дека починатиот во 16.11 часот и се јавил и ѝ кажал дека го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.