482
Вчера утрото, жител на Скопје бил уапсен, откако бил затекнат при тешка кражба во салон за автомобили, пренесуваат од МВР.
„На 16.08.2021 во 05.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(36) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од кривичниот законик“, велат оттаму.