629
Дваесет и осумгодишен скопјанец заработил кривична пријава за тешка кражба од струшката полиција, соопшти денеска СВР Охрид.
Пријавениот И.Р. од Скопје на 4-ти јули годинава со употреба на физичка сила отворил прозорец од едукативен центар лоциран на улицата „Владо Малески“ во Струга.
Притоа тој одзел повеќе предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000 денари.