Скопјанец крадел мобилни телефони по бутици

by Fokus

Мобилен телефон во вредност од 77.000 денари украл 43-годишен скопјанец од жена во бутик во Градскиот трговски центар. На истото место украл уште еден поефтин телефон во вредност од 20.000 денари. Освен по бутици овој скопјанец крадел мобилни телефони и во автобуси, користејќи го метежот од патници.

Од скопското Јавно обвинителство информираат дека на овој џепчија му е одреден притвор од осум дена.

„Во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски центар во Скопје, искористил невнимание на две жени и им ги одзел мобилните телефони, од кои едниот во вредност од 20.000, а другиот вреден 77.000 денари. На 23 март годинава, осомничениот искористил што градски автобус кој се движел по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” бил преполн, па од џебот на еден патник одзел мобилен телефон вреден 20.000 денари“, соопштија од таму.

Поврзани новости