Скопјанец измамил гостиварец, „го закрпил“ за 2.000 евра

by Fokus

МВР информира дека вчера во 16.30 часот во ОВР Гостивар, 56-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од лице од Скопје кое се преставило како бизнисмен и му понудило производи во вредност од 2.000 евра.

Откако телефонски се договориле за нарачката, пријавителот преку такси возило му ги испратил парите, но производите не му биле доставени, по што увидел дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости