Скопјанец изгубил контрола, па удрил во жичена ограда и бетонски столб

by Фокус

Вчера во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на aвтопатот Скопје-Велес, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р.Ѓ. од Скопје, изгубил контрола над возилото и удрил во жичена ограда, а потоа во бетонски столб.

Возачот Р.Ѓ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

- Advertisements -

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости