364
Во пожар што избил синоќа во куќа во скопската населба Кисела Вода, пронајдено е изгорено тело.
Како што соопшти МВР, во пожарот целосно изгорела куќа сопственост на 65-годишниот К.М., а лоцирана на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.
Изгореното тело е пронајдено од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид на местотот на пожарот ќе се врши денеска.