56
Скопјанец бил каснат од кучето на соседот, кој пак обидувајќи се да го оттргне своето куче и самиот бил искасан.
„На 21.02.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош, Љ.Н.(71) од Скопје бил каснат од куче сопственост на соседот Р.Л.(57) од Скопје. Притоа, и сопственикот бил каснат од своето куче при обид да го оттргне од соседот Љ.Н.. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Н., а со телесни повреди сопственикот на кучето, констатирани во приватна болница во Скопје“ соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.