464
Полицијата уапси 18-годишно момче од Скопје затоа што со уште двајца други малолетници на 2 март киднапирале соученичка, информираат од МВР.
„На 03.03.2022 во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М. (18) од Скопје постапувајќи по претходна пријава дека заедно со двајца малолетници околу 22.15 часот на 02.03.2022 физички ја нападнале и противправно ја задржале Б.Х., со која Б.М. биле соученици. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, додаваат од МВР.