Скопјанец фатен со камион полн мигранти: внатре имало над 60 луѓе, меѓу кои и деца

by Fokus

Приведен 41-годишен скопјанец, кој синоќа бил фатен како во камионот превезува мигранти.

Според информациите од МВР, полицијата го фатила синоќа околу 20.40 часот на локалниот пат с.Стојаково-Богданци.

При преглед во товарно возило „сканиа“ со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал А.Д., биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица.

По насоки од јавен обвинител, А.Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости