45
МВР информира дека вчера во 12.30 часот во пунктот за сликање за лични документи „Пролет“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.Ш.(50) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувалe службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.