Скопјанец (70) пронајден починат во Охридско Езеро

by irena 14:06
14:06

Безживотно машко тело било забележано во водите на Охридското Езеро, кај плажата од Извидничкиот центар во градот, соопштија од МВР.

Настанот се случил вчера околу 18:21 часот и истиот бил пријавен во охридската полиција.

Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за лицето М.Ј.(70) од Скопје, а смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Слични вести