Скокнаа цените на гасот во Европа

by Fokus

На централната европска платформа за тргување со гас во Холандија, цените на фјучерс договорите со датуми на испорака од еден месец се зголемија за 10 отсто во споредба со затворањето на трговијата минатиот петок, на 41,80 евра за мегават час (MWh). Сепак, тие се уште се далеку под минатогодишниот врв од повеќе од 300 евра за мегават час, што го одразуваше прекинот на испораките од Русија и барањето алтернативни извори на снабдување.

Скокот се објаснува со затворањето на финско-естонскиот гасовод поради падот на притисокот во текот на викендот. Финскиот оператор не ја исклучува можноста за истекување на гас, додавајќи дека се уште се обидува да ја утврди причината за падот на притисокот.

Трговците го поврзуваат зголемувањето на цената со веројатната ескалација на конфликтот во Израел по нападот на палестинската вооружена група Хамас.

Цените на нафтата реагираа посилно на конфликтот отколку цените на гасот.

Поврзани новости