1.5K
Се запали куќа вчера околу 06.00 часот во Визбегово откако кабел се скинал од бандера и паднал врз кровот. Од полицијата велат дека за среќа нема повредени, само материјална штета.
„На 05.08.2019 во 06,10 часот во СВР Скопје, К.В.(47) од с..Визбегово пријавил дека се скинал кабел од бандера и паднал врз кровот од неговата куќа, при што предизвикал пожар. Опожарена била кровната конструкција и вториот спрат од куќата. Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат. Извршен е увид“, соопштија од МВР.