Скендер и Васиќ-Бозаџиева избрани за уставни судии

by Fokus

За нови уставни судии денеска беа избрани Фатмир Скендер и Татјана Васиќ – Бозаџиева.

Во отсуство на опозицијата, за нив гласаа 64 пратеници додека еден беше против нивниот избор.

После тоа, тие потпишаа свечена изјава и ветија за совесно и одговорно извршување на функцијата, со почитување на Уставот и законите.

Поврзани новости