Пожарот во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово избувнал од скарата во ресторанот, изјави командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Тој рече дека интервенирале 15 пожарникари и со четири противпожарни возила. Но поради обемот на пожарот, била побарана дополнителна помош од ТППЕ Виница, Кочани, Струмица и доброволно друштво Пехчево.
Во пожарот изгорел дел од терасата на хотелот, но не и собите и другите простори, појасни Руменовски.