Скапо платените реклами во медиумите не се доволни!

by Фокус

Пишува
д-р Самоил Малчески

Веќе подолг времески период не стивнуваат реформаторските самопофалби и самореклами за наводните успеси во земјоделското производство. Така, реформаторите во континуитет трошат огромни буџетски средства, сè со цел да не убедат дека тоа што го работат е добро и дека во држава само што по улиците не потекле мед и млеко. Притоа, фактот дека според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2013 година во споредба со 1999 година бројот на говедата е намален за 6,69%, бројот на свињите е намален за 25,9%, бројот на овците е намален за 43,32%, бројот на коњите е намален за 63,81% и бројот на живината е намален за 31,70%. Логично е при вакви податоци да се намали зависноста на држата од увоз на сточна храна, што значи да се намали и трговскиот дефицит по овој основ. Но, дали е тоа така?

Сериозен пад во производството на добиточна репка и луцерка

Состојбите во сто­чар­ското про­из­вод­ство непо­­средно зависат од произ­вод­ството на фуражните расте­нија, па затоа ајде да ги погледнеме резултатите на реформаторите на ова поле. Во табела 1 се дадени пода­то­ците за про­изводство­то на до­­би­точната реп­ка. Од податоците во табела 1 мо­же да се види дека нејзината заста­пеност од 1999-2001, потоа опаѓа од 2001-2005, за да од 2005-2013 година пов­торно расте. Според истите нејзината просечна заста­пеност на површина од 598 хек­тари во периодот од 1999-2002 година опаднала на 428 хектари во периодот од 2003-2006 година, за истата се зголеми на 477 хектари во периодот од 2007-2013 година, што значи дека во однос на периодот 1999-2002 година површиние под добиточна репка во периодот 2007-2012 година се намалени за 20,26%, а во однос на пе­риодот 2002-2006 година се зголемени за 11,55%.samoil 1Ваквата тенденција довела и до промени во вкупното производство на добиточна реп­ка, но од податоците во табела 1 може да се види дека не постои некоја зако­нитост според која се одвивало производството на добиточна репка. Затоа ќе го разгледаме просеч­ното годишно производство во одделните подпе­риоди. ­Така, во периодот од 1999-2002 година тоа изнесувало 6290 тони, за да во периодот 2003-2006 година истото опаден на 4992 тони, а потоа од 2007-2013 година порасне на 5139 тони. Според тоа, од 2007-2013 го­дина во споредба со перидот од 1999-2002 година просечното го­дишно про­из­водство опаднало за 18,29%, но истото во однос на периодот 2002-2006 година се зголемило за 2,97%, податок кој и тоа како треба да загрижува, а не континуирано да се прикрива во веќе видената ефтина политичка пропаганда под чија пресија живеат граѓаните на Македонија.

Во табела 1 се даде­ни и пода­то­ците за произ­вод­ство­то на луцерка во разгледу­ваниот период. Во пе­риодот од 1999-2005 го­дина ожнеаните по­вршини се намалува­ат, за да во следниот период ис­тите бе­ле­жат непра­вилен раст. Иако тен­денцијата е очиглед­на, се­пак зара­ди спо­редливост на изло­жу­вањата да забеле­жи­ме дека во пе­риодот од 1999-2002 година просечно го­дишно се ожнеани 18348 хекта­ри, за да овој просек во перио­дот од 2003-2006 годи­на се намали на 17748 хектари, а по­тоа во периодот од 2007-2013 година се зголеми на 19263 хектари. Според тоа, во периодот од 2007-2013 година има­ме зголемување на по­вршините од 4,99% во однос на периодот од 1999-2002 година, од­носно од 8,54% во од­нос на периодот од 2002-2012 година. Што се однесува до вкуп­но­то го­дишно производ­ство, може да се каже дека, со мали коле­ба­ња, тоа бележи раст во це­ли­от разгледуван пери­од, меѓутоа загрижува фактот дека просечните приноси по единица површина имаат тенденција на намалување. Имено, тие во периодот од 1999-2002 го­дина изнесувале 5998 kg по ha, за да во пе­рио­дот од 2003-2006 година се зголе­мат на 6688 kg по ha, т.е. за 11,67%, а по­тоа во перио­дот од од 2007-2013 година се намалат на 6271 kg по ha, од­носно за 6,25% во споредба со периодот од 2003-2006 година.

Намалување и на производството на детелина и добиточен грашо

Во табела 2 се да­де­ни податоци­те за произ­вод­ство на детелина за пери­о­дот од 1999-2013 година. Како што мо­же да се види во пр­вите три го­ди­ни од разгледуваниот пе­ри­од има­ме рела­тив­но кон­стантна површина на ож­не­ани хектари, за да истата потоа драстично се зго­леми и во следните пет години повторно е релативно кон­стант­на, после што сле­дува намалување од над 700 хектари и во следниот период имаме тен­денција на раст. Ваквото движење се одразило на про­сечно ожнеаните површини во разгле­дуваните подпериоди, па така во пе­риодот од 1999-2002 година просечно се ожнеани 2928 хектари, за да по­тоа имаме пораст на 3677 хектари во периодот од 2003-2006 година и на­малување на про­сечно 3122 хектари ожнеана површина под детелина во пе­ри­о­дот од 2007-2013 го­дина. Сето ова се одразува и на вкупно оства­ре­ното произ­водство. Имено, во периодот од 1999-2002 година оства­ре­но е просечно го­дишно производство од 12433 то­ни, кое во периодот од 2003-2006 година се зголемило на 16163 тони, т.е. за 30,00%, за да потоа се намали во пе­риодот од 2007-2013 годи­на на 12931 тон, што во спо­редба со периодот од 2002-2006 година претставува намалување од 20%.

Што се однесу­ва до производство­то на добито­чен гра­шок од по­да­тоците во та­бела 2 може да се ви­ди дека во пр­вите три годи­ни има­ме ре­лативно кон­стантни ожнеани по­врши­ни, за да след­ната година се беле­жи драстичен по­раст и во следните пет го­дини има­ме континуиран пад итн. Меѓутоа, ако ги разгледаме просечно ожнеаните повр­шини ќе забележиме дека тие за периодите од 1999-2002, од 2003-2006 и од 2007-2013 година изнесуваат 1623, 1726 и 1521 хектари, соодветно, што значи дека во перидот од 2002-2006 година се најголеми и тоа за 6,36% се поголеми во однос на периодот од 1999-2002 година и за 13,49% во однос на перидот од 2007-2013 година. Ваквите дви­жење кај ожнеаните површи­ни ди­рек­тно се одразуваат и на вкупното производство, што може да се види како од податоците во табела 2. Но, тоа значи дека воочените тенденции имаат непосреден одраз и на просечното годишно произ­водство во разгледуваните подпериоди. Така, за периодите од 1999-2002, од 2003-2006 и од 2007-2012 година тоа изнесува 5528, 5701 и 4713 тони, соодветно. Спо­ред тоа, во периодот 2002-2006 година про­сеч­ното годишно производство е по­високо за 3,15% во споредба со произ­вод­ството во периодот од 1999-2002 година и за 20,99% во споредба со произ­водството во периодот од 2007-2013 година.samoil 2Како и за оста­на­тите култури и ов­де ќе се освр­неме на ост­ва­рените прино­си по еди­ница површи­на, чии просечни вредно­сти во разгледуваните подпе­риоди имаат тенден­ци­ја на намалување. Име­но, за перио­ди­те од 1999-2002, од 2003-2006 и од 2007-2007 година истите имаат вредности 3484 kg по ha, 3395 kg по ha и 3128 kg по ha, што значи дека во споредба со периодот од 1999-2002 година во периодот од 2003-2006 година има­ме намалување за 2,58%, а во споредба со периодот од 2003-2006 година во пе­риодот од 2007-2012 година имаме намалување од 7,88%, при што вкупното на­малување во разгледуваниот период изнесува 10,25%.

Стагнација на производството на крмна пченка и пад на производството на граор – сено

Во табела 3 се даде­ни податоците за производ­ството на крмна пченка за пе­риодот од 1999-2013 годи­на. Како што се гледа вкупната ожнеана површина во разгледу­вани­от период е рела­тивно кон­стантна, со исклучок на го­дините 2001 и 2008. Ова не­посредно влијае про­сечно ож­неаната повр­шина во разгледувани­те периоди и истата за перио­дот од 1999-2002 година изнесува 2529 хектари, за пери­одот од 2003-2006 година е 2254 хектари и за периодот од 2007-2013 година е 2366 хек­тари. Понатаму, освен за неколку години и вкупното годишно про­из­водство во целиот период е ура­м­нотежено, па оттука е еднаквоста на про­сеч­ното го­диш­но произ­водство во раз­гледу­ва­ните под­пери­оди. Име­но, во пе­рио­дот од 1999-2002 го­ди­на тоа изнесува 54616 тони, во перио­дот од 2003-2006 годи­на из­несува 52636 то­ни и во периодот од 2007-2013 годи­на изнесува 55062 тони.samoil 3Што се одне­сува до просечниот принос по хек­тар, мо­же да се забе­лежи де­ка со исклучок на не­колку години истиот е значително урамноте­жен, па оттука и про­сечниот годишен при­нос по хектар нема го­леми осци­лации. Име­но, за периодот од 1999-2002 година истиот изнесува 23302 kg по ha, за периодот од 2003-2006 година изнесува 23367 kg по ha и за периодот од 2007-2013 година изнесува 23160 kg по ha.

Овде ќе го разгледаме и производ­ството на граор-сено за пе­риодот 1999-2013 го­дина. Од податоците во табела 3 може да се види дека, освен во 2002 годи­на, во пе­риодот од 1999-2006 имаме континуирано намалување на ож­неаните површини со оваа култура, за да во следниот период истите се ре­лативно константни. Ова непо­средно влијае на просечните ожнеани повр­шини во разгледуваните подпери­оди, па така од 1999-2002 година тие из­несу­ваат 3692 хектари, од 2003-2006 година про­сечната ожнеана површина е еднаква на 2827 хектари и од 2007-2013 година таа е еднаква на 2365 хек­тари.

Понатаму, кај годишното производ­ство, не може да се забеле­жи јасно изразена тенденција на опаѓање се до 2009 го­дина, но во следниот период исто­то рапидно се намалу­ва. Та­ка, просеч­ното го­дишно производство во периодот од 1999-2002 година изне­сувало 10116 тони, во пери­одот 2003-2006 година из­несувало 9898 тони и во пе­ридот од 2007-2013 го­дина ис­тото е 8141 то­н, што е за 17,75% по­малку во однос на прет­ход­ниот подпериод. Конечно, просечни­от принос по хектар во пе­риодот од 1999-2002 годи­на из­несувал 2746 kg по ha, потоа во периодот од 2003-2006 година се зголе­мил на 3559 kg по ha, за во перио­дот од 2007-2012 година незна­чително опад­нал на 3470 kg по ha.

Драстичен пад на приносот од ливадите

Покрај приноси­те од фуражните култури, за сто­чарското производ­ство од особена важност се приноси­те од ливадите, па затоа ис­тите одделно ги раз­гледу­ваме. Податоците за по­вршините и производ­ст­вото на ливадите и па­сиш­та­та се дадени во та­бела 4. Од презентираните

samoil 4податоци може да се види дека во раз­гле­ду­ваниот период имаме континуирано зголему­вање на површините со ливади, па така во периодот од 1999-2002 година просечно имаме 53648 хектари под ливади, од 2033-2006 година таа површина е 57201 хектар, а во периодот од 2007-2012 година истата изнесува 59707 хектари.

Меѓутоа, и покрај зголемувањето на повр­шините сепак вкупниот принос од ливадите не бележи раст. Така, просечниот принос од ливадите во периодот од 1999-2002 година изнесувал 124250 то­ни, за да во периодот 2003-2007 година опадне на 100810 тони, што значи дека имаме намалување од 18,87%. Вак­виот тренд продолжува и во пери­одот од 2007-2013 годи­на кога просечниот годипен принос изнесува 95600 тони, што значи дека истиот во спо­­редба со претходниот пе­риод се нама­лил за 5,17%, а во спо­редба со периодот 1999-2002 година за 23,06%.

Како што видовме во изминатиот период има­ме зголемување на повр­шините под ливади, а на­малување на вкупно ост­варениот принос. Послед­ното значи дека во целиот период остварениот при­нос по единица површина се намалува, па така во периодот од 1999-2002 година имаме просечен принос од 2321 kg по ha, во периодот од 2003-2006 година тој изнесува 1764 kg по ha, а во периодот од 2007-2013 година е 1601 kg по ha, што секако е последица на големината на површините под ливади кои се наводнуваат.

Нема производство, ама има увоз

Претходните податоци недвосмислено укажуваат на немањето стратегија и вистински решенија за подобрување на состојбите во аграрот, што резултира не само со намалување на физикиот обем на производството, туку Македонија се повеќе ја карактеризира како земја која е високо зависна од увоз на храна. Нормално, ваквите тенденции во земјоделското производство непосредно се одразуваат и на надворешо-трговската размена во стоковиот сектор добиточна храна.

Така, според податоците од табела 5 лесно се пресметува дека во перио­дите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година просеч­ниот девизен одлив за увоз на добиточна храна изнесувал 15416000, 15169000 и 27705000 САД долари, соодветно. Според тоа, во периодот од 2007-2013 година девизниот одлив за увозот се зголемил во однос пери­одот од 1999-2002 година за 79,71%, а во периодот од 2003-2006 година за 82,64%. Притоа, девизниот прилив од извоз на добиточна храна незначително се менувал и тоа од просечни 670500 САД долари во периодот 1999-2002 година, преку 248250 САД долари во периодот од 2003-2006 година, па на 992286 САД долари во периодот од 2007-2013 година (види табела 6). Што ова значи, не треба посебно да се говори, но доволно е да забележиме дека ако по основ на добиточна храна во периодот од 1999-2002 година просечниот дефицит изнесувал 14745500 САД долари, тој во периодот од 2007-2013 година се зголемил на 26712714 САД долари, што претставува зголемување за неверојатни 81,15%.samoil 5Молк за неуспешната аграрна политика

Претходните разгледувања ни даваат за право да заклучиме дека и според овој показател аграрната политика која изминативе години ја реализира реформаторската елита е повеќе од неуспешна. Меѓутоа, и покрај молкот за негативните тенденции од страна бројните квазиексперти и квазианалитичари, сепак не опаѓа интензитетот на бруталните реклами, со чија помош се настојува да се прикрие неуспехот на толку фалените реформи. Нормално, овие реклами се пласираат само на определени медиуми, на кои имаме “херојски” настапи на една добро платена група квазиновинари, која наместо силата на аргументите ја користи силата како

аргумент. Притоа, овие загрижени квазиновинари, дел од кои своите декадентни написи и не ги потпишуваат, во континуитет пласираат дезинформации и одбегнуваат своите тврдења да ги аргументираат со релевантни податоци, бидејќи истите не им одат во прилог на ефтината политичка пропаганда, со која веќе подолго време ја трујат јавноста. Освен тоа, во недостаток на вистински аргументи од овие центри се лиферуваат провидни политички соопштенија, чија единствена цел е оцрнување на сите оние што не мислат како нив, т.е. на оние кои со отворени очи гледаат што се случува.

Не сум сигурен дали ваквата состојба може да трае во недоглед, но сигурен сум дека доколку самопрогласените заштитници на Македонија имаат малку совест и навистина барем еднаш сакаат да направат нешто вредно за својата држава, час поскоро е неопходно да се направат вистински анализи за состојбите. Понатаму, врз основа на овие анализи е неопходно да се ревидира севкупната аграрна политика, а особено политиката на субвенционирање.

Имено, не тешко да се заклучи дека истата не само што не дава позитивни резултати, туку е и непосреден чинител за намалување на земјоделското производство. Но, да не се лажеме, реформаторите и нивните понизни послушници тоа нема да го направат, бидејќи повеќе од очигледно е дека политиката на субвенционирање колку и добро да изгледа на хартија, има сосема поинакви цели отколку развојот на аграрот.samoil 6Дека тоа е навистина така сликовите говорат податоците за урнисување на земјоделското производство и драстичното зголемување на увозот, визави енормното зголемување на директната плаѓања во растителното и сточарското производство, кои изминативе седум години се зголемени за повеќе од седум пати. Но, за политиката на субвенционирање, нормално низ релевантни податоци, во некоја друга прилика.

Поврзани новости