707
Лица кои се претставуваат како верници на МПЦ-ОА, од Преспанско-пелагониската епархија, повикуваат на палење и палат Библии за деца, само затоа што биле напишани од автори кои не се православни, пренесува Религија.мк.
На ваквата скандалозна постапка остро реагираше и пасторот Филип Иванов од Велес, упатувајќи остри критики кон овој чин.
„Во видеото, кога не се пали веднаш Библијата, дури вели: „Од клетите е, нејќе ни да гори“. Еден куп други на објавата исто така повикуваат да се спалат, искинат или закопаат Библиите“, вели Иванов во својата објава.