Околу 37 фирми биле повластени пред законите кои важеле за сите други, биле изземани од присилна наплата на долгови, соопшти денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Во незаконското постапување на Управата биле вклучени високи функционери од минатата власт. Засега само двајца вработени во УЈП се опфатени со дисциплинска постапка.
-Во изминативе две години, односно периодот 2015-2016 година, 37 фирми од Скопје и приватни и државни правни субјекти биле отстранувани од постапки за присилна наплата на милионски долгови – изјави Лукаревска
Според неа, станува збор за амнестија за плаќање данок на штета на буџетот на РМ. Лукаревска вели дека никој не смее да биде амнестиран, но и дека не смее да ги открие имињата на фирмите. Таа најави истрага и постапки за дисциплинска одговорност за вработени во УЈП кои биле инволвирани во овие незаконски постапки.