505
Вчеравечер, тренер по карате покажувал експлицитни фотографии на малолетнички и барал од нив да фотографираат друга малолетничка.
„На 16.01.2023 во 22.00 часот во полициска станица во Скопје две скопјанки, на возраст од 38 и 41 година, пријавиле дека за време и после тренинзите во карате клуб кои се одржувале во сала на подрачјето на Скопје, на нивните две малолетни ќерки од страна на тренерот им биле покажувани фотографии со експлицитни содржини и од нив барал да фотографираат друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.