Скандал во белгиска градинка: Деца завршувале со главата во ВЦ школка кога биле „непослушни“

by Fokus

Градинка во Фландрија, северниот дел на Белгија е затворена минатата недела по пријава на родителите дека децата им биле малтретирани и злоставувани, по што дел од вработените дале отказ, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Децата брутално ги тепале,  бебињата ги држелесо главата под вода како би престанале со плачење, употребувале сила доколку одбивале храна, а скандалот го потврдил и Одделот за детство во Северниот дел на Белгија.

Малтретирањето одело до таму што децата кои ставале раце во тоалетот, завршувале со главата во ВЦ школката каде им се пуштала вода, како и држење под студена вода како би престанале со плач.

На терен излегле инспекции во март и април годинава. Градинката е затворена минатиот четврток, иако истрагата била започната уште од октомври лани.

Според белгиските медиуми, еден од раководителите во градинката изјавил дека „вистина некогаш ги држиме одзади децата за да им помогнеме да јадат“, одговарајќи на обвинувањето дека насилно се хранеле децата држејќи им ги главите превртени наназад во скутот на „негувателите“.

Политчките партии бараат одговори, темелна истрага и присуство на надлежната министерка на парламентарна седница за прашања.

 

Поврзани новости