343
На 10-ти мај, битолчанец пријавил дека неговата поранешна сопруга подолг временски период вршела обљуба врз нивниот малолетен син.
„На 10.05.2019 година во 09.00 часот во СВР Битола, педесет и две годишен битолчанец пријавил дека наводно во текот на 2018 година се до март 2019 година, во повеќе наврати, неговата поранешна сопруга извршила обљуба и други полови дејствија врз нивниот малолетен син. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.