Прес-конференцијата на француската кандидатка за претседател Марин Ле Пен беше прекината откако жена од публиката подигнала плакат со фотографија на Ле Пен и Путин во форма на срце, пренесува Ле Монд.
Станува збор за фотографија од средбата на Ле Пен и Путин од 2017 година во Париз за време на прес-конференцијата по повод нејзината претседателска кандидатура. Обезбедувањето веднаш ја соборило жената на под и таа била исфрлена од салата во која Ле Пен зборувала за голем број актуелни теми.
Пред да почне конференцијата во Париз, демонстрантите ја пречекаа Ле Пен пред зградата, извикувајќи дека „Путин е убиецот“ и дека „Ле Пен е соучесник на Путин“.
Се смета дека Ле Пен отсекогаш ја поддржувала политиката на Путин, толку многу што во Европскиот парламент ја нарекувале „Мадам Путин“.
Ле Пен, ветила дека ако победи на претседателските избори ќе ги повлече вооружените сили од командата на Северноатлатнската Алијанса.
Une militante brandissant une photo de Marine Le Pen et de Vladimir Poutine exfiltrée de la conférence de presse pic.twitter.com/0wY6tM3Dmz
— BFMTV (@BFMTV) April 13, 2022