Скандал на Беовизија, Лукас и Бајага се скараа поради политика: Ќе те ,,исшутирам” со мокасините!

by Fokus

Вчера во Белград се одржа првата полуфинална вечер на фестивалот ,,Песна за Евровизија 2022”, а музичкиот настан беше засенет од драмата која се случи помеѓу Аца Лукас, кој е еден од натпреварувачите и Момчило Бајагиќ – Бајага, кој е еден од авторите на песните кои се во игра за Евровизија.

Како што пренесоа српските медиуми, немилите сцени се случиле во ВИП просторијата позади сцената, кога Лукас и Бајага започнале меѓусебно да си дофрлаат поради несогласувања околу политичката ситуација во Украина. Пред камерите, Бајага кратко одговори дека ништо не се случило помеѓу него и Лукас, но затоа пак Саша Мирковиќ, кој е продуцент на Аца Лукас, излезе со детали од немилата случка.

-Дојде до непријатна ситуација. Бајага се обиде да го испровоцира Лукас дофрлувајќи му политички провокации.

Лукас му одговори во негов стил – Првин тргни го ималинот (паста за чевли) од косата, а потоа дојди да ми се обратиш! Потоа му рече и дека ќе го ,,исшутира” со мокасините, раскажа Мирковиќ. Инаку, на настанот беа претставени 18 песни, а девет од нив влегоа во финале. Помеѓу нив е и песната ,,Оскар” на Аца Лукас. Во сабота ќе се одржи финалето на кое ќе се избере песната која ќе ја претставува Србија на Евровизија 2022 во Италија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости