СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори, истакна Дескоска

by Fokus

Денеска стапува во сила новиот Закон за Јавното обинителство. Специјалното јавно обвинителство како институција формално згасна, но не и предметите кои ги отвори. Сите предмети, на кои работеше Специјалното јавно обвинителство се живи, новиот Закон дава јасна правна основа за нивно продолжување до конечни судски одлуки, изјави за МИА министерката за правда Рената Дескоска.

Борбата против криминалот и корупцијата, како што посочи таа, е долга и макотрпна и тоа се гледа не само кај нас, туку и во сите други држави.

„Земете ја за пример Италија која со години се бори со мафијата. Јасно е дека нема инстант решенија за правда, но тоа не треба да ја обесхрабри желбата за правда, ентузијазмот и посветеноста на институциите во борбата, ниту очекувањата на граѓаните за правда“,вели Дескоска.

Според неа, сега пред институциите е најтешката и најзначајната обврска да се врати довербата во правосудните органи – борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и ефикасност во завршувањето на сите отпочнати постапки.

Поврзани новости