Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка под името „Тортура“ во која оштетен е лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, а од СЈО покренаа истрага против седумина обвинети, кои сториле мачење со насилно постапување.
Според обвинителката Фатиме Фетаи, како првообвинет е директорот на УБК, Сашо Мијалков кој според нив спремал оперативен план за апсење на Бошкоски, кој го спровел преку алфите.
– На 6 јуни, 2011 година го малтретирале оштетениот додека го апселе и правеле спектакл пред телевизизски камери. Ова е душевно страдање за Бошкоски, го дискриминирале на политичка основа. Првоосмничениот ги навел полициските службеници за време на лишувањето од слобода да предизвикаат душевно страдање кај лидерот на ОМ. Под покорност на неговите наредби, истиот ден, на паркингот кај ресторанот Воденица, без никаков отпор кај Бошковски, употребиле оружје и закана и користеле зборови кои можеле да му предизвикаат душевно страдање, „легнете го на земја“, „на земја да се апси“, потоа удирајќи го по нозете и држејќи го за рацете му викале: „шефот ми рече осум години не ви бега“, „да ти ебам жената“, „ај сега збори против шефот“. Истоа така му го ставиле и пиштолот на левиот образ и му викале бел ден да не видиш – истакна Фетаи.
Специјалното јавно обвинителство мерки на шестмина да имс е забрани пристап до работните места и да не зивршуваат задачи, за да не се сокријат докази и да не влијаат на сведоци. За директорот на УБК нема никаков предлог бидејќи повеќе не е на функција.