СЈО: Загрижени сме што сѐ уште не е избран заменик на Јанева и не е донесен нов закон

by fokus

Во врска со актуелните случувања сакаме да ја информираме јавноста дека сѐ уште немаме добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство на РСМ за да можеме да известиме дали и како ќе се постапува со предметите на ова Јавно обвинителство, велат од СЈО.

-Воедно, во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство. Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството, предупредуваат од СЈО.

Поврзани новости