Договори, анекс на договори, налози за плаќање, извештаи, финасиска документација, понуди на понудувачите , планот за јавни набавки како и друга документација се испратени до СЈО од тендерот за обезбедување на болницата кој во 2013 година и бил доделен на Агенцијата за обезбедување СГС односно Секјурити груп, пренесува Алсат-М.
Инаку СГС во јавноста се поврзува со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, кој можеше да се слушне и во т.н бомби на СДСМ, за кои надлежно е токму СЈО.
„Согласно законските процедури и законските постапки постапивме. Го бараа целосно тендерот, кој беше тендерска документација за јавна набавака за техничко и патролно обезбедување. Во 2013 година беше спроведен од страна на СГС. Мислам дека околу 300.000 денари беше договорот на годишно ниво“, вели Славица Малеска- директор на болницата.
Во тоа време директор на болницата во Охрид бил пратеникот Љубен Арнаудов кој од страна на ОЈО беше осомничен за терористичко загрозување на државата за време на настаните во собранието на 27 април минатата година.