1.2K
Во Апелациониот суд продолжува разгледувањето на жалбите за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Инаку, Канческа-Милевска е првоосомничена во случајот „Тендери” на СЈО, во кој се сомничи за местење тендер од еден милион евра за градежни работи во Музејот на ВМРО. Освен неа, осомничени за злоупотреба на службената положба се уште три членови на комисијата за јавни набавки.
За неа и за второобвинетиот СЈО бараше притвор, а за третообвинетиот мерки на претпазливост, одземање на пасошот и еднаш неделно јавување во судот.