СЈО ќе поднесе жалба за неприфаќањето на „бомбите“ како докази

by fokus

Специјалното јавно обвинителство утре ќе поднесе жалба со која ќе бара Апелација да ги прифати бомбите како доказ во предметот „Триста“, објави телевизија 24.

Ова следи откако советот на Кривичниот суд одлучи дека прислушуваните разговори не можат да бидат доказ за незаконската набавка на 300 возила за МВР.

За предметот „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Тој се товари дека преку злоупотреба на службената положба го оштетил буџетот за 450 илјади евра. Според СЈО, Поповски доделувал договори за јавни набавки на економски оператори кои немале економски најповолни понуди. Со поднесувањето на обвинението, СЈО бараше и притвор за Поповски. Но и Кривичниот и Апелациониот суд одлучија тој да остане само без пасошот.

 

Поврзани новости