СЈО ќе ја обжали ослободителната пресуда за Латас

by fokus

Обвинителката Елизабета Јосифовска рече дека СЈО ќе се жали на првостепената одлука според која Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа денес беа ослободени од обвинение, односно не беа прогласени за виновни во случајот „Тревник“.

-Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано, рече обвинителката Јосифовска.

Браќата се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.

Според судијката Марија Клетничка обвинетите браќа се ослободуваат од обвинение за бесправо градење, односно не се виновни, бидејќи како што рече не сториле кривично дело според закон.

Поврзани новости