443
Специјалното јавно обвинителство ја заврши истрагата за случајот „Транспортер”, во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески, заедно со уште 22 лица, се сомничат дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз проневериле 360 000 евра народни пари.
СЈО во текот на наредните денови ќе поднесат обвинителен акт за предметот, информираше денеска обвинителката Фатиме Фетаи, пред да ги образложи четирите нови истраги кои ги отвори СЈО за финансиски криминал.
Во предметот освен градоначалникот Талески осомничени се вработени во општината, директори на училишта од Битола и газди на фирми. Битолскиот градоначалник во текот на истрагата помина три месеци во куќен притвор, па со жалба до Апелацијата излезе на слобода.