510
Катица Јанева повторно ќе бара замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, т.н. бела палата. По два месеци преписки со Кривичниот суд, Специјалното јавно обвинителство повторно ќе побара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на истрагата за предметот „Талир“, дознава Телевизија 24 од извори во СЈО.
Тимот на Јанева го комплетира барањето за заштита на законитоста и од Врховен ќе бара преиспитување на одлуката на Кривичниот суд кој го одби барањето седиштето на партијата да биде ставено под привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека.