425
Специјалното јавно обвинителство очекува новиот собраниски состав да ги прифати нивните барања за продолжување на мандатот за истраги и законот за заштита nа сведоци. Од таму во изјава за Мета велат дека ова се нивни очекувања, без разлика на изјавата на Никола Груевски кој уште еднаш порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прифати барањата на СЈО.
-Повеќепати имаме истакнато дека не коментираме политички изјави. ..А нашите очекувања од новиот состав на Собранието се следни: продолжување на мандатот и изгласување на законот за заштитени сведоци – рекоа од СЈО за Мета.
Груевски пак, во интервјуто за „Дневник” рече дека нема ги прифати барањата за СЈО и по цена да не успее да состави влада.