Специјалното јавно обвинителство до овој момент има поднесено 20 жалби по одлуките на Основниот суд за притворите и мерките за обезбедување кои ги побара на крајот на јуни. Тоа не е конечниот број на жалби бидејќи во бројката не се вклучени и жалби за одлуките за Титаник и Тврдина и Таргет.
„Шест жалби се против решенија во кои се одбиени предлози за притвор за кои беа изречени мерки за претпазливост. Две жалби се за предмети каде притворот беше целосно одбиен. Седум жалби се за одбиени мерки за претпазливост и уште пет жалби се за делумно уважени мерки“ – велат од Специјално јавно обвинителство.
До овој момент ниту една жалба не стигнала и до Апелација поради тоа што постапката оди преку основниот суд, односно откако ќе се комплетира документацијата целиот предмет се доставува до повисокиот суд.
Одлуките на Апелација не треба да се очекуваат порано од почетокот на следната работна недела.