Пратеникот на ДУИ Ејуп Алими, обвинет во предметот Титаник 3 на СЈО, може да влијае врз сведоците, па затоа според СЈО треба да оди во притвор.
Ова беше кажано на расправатаа во Апелациониот суд, каде што се разгледува жалбата на СЈО против одлуката на Кривичниот суд на осомничениот да не му се одреди притвор.
– Осомничениот може да влијае врз истрагата со влијание врз сведоци, бидејќи тие имаат сериозен страв, а тоа произлегува од нивната моќ која произлегува од ДУИ – обвинителката Фатиме Фетаи, дури прочита дел од исказите на сведоците.
Едниот од нов рекол: „Мене ми беше страв за мојата безбедност и безбедноста на моето семејство. Се работи за моќни луѓе“.
И другиот сведок го посочил истото: Ми беше страв за мојата и безбедноста на моето семејство. И, ден денешен ми е. Тие луѓе едноставно не избираат средства за да се одмаздат – рекол сведокот пред СЈО.
Адвокатот на осомничениот, пак рече дека Ејуп никогаш не контактирал со сведоците, па затоа и обвинувањата за влијание се паушални.
Осомничениот пратеник, пак истакна дека тој ќе биде достапен на иституциите и не планира никаде да бега.
– До крај ќе бидам тука и ќе сведочам. Како правник сум должен да и служам на правдата и општеството – рече Алими, пратеник на ДУИ.