Специјалното јавно обвинителство смета дека Кривичниот суд не треба да им ги враќа пасошите на екс премиерот Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков и поранешмниот полициски функционер Тони Јакимовски. Тие испратиле мислење до кривичниот суд дека не се променети околностите поради кои судот првично им ги одзема пасошите потврдиле од СЈО за Телма.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мијалков, побарале од Кривичниот суд да им ги врати пасошите што им беа одземени како гаранција дека нема да побегнат од земјава поради обвиненијата што против нив ги поднесе Специјалното јавно обвинителство.
Тие бараат пасошите да им бидат вратени бидејќи им се потребни за службени патувања надвор од земјата, а како гаранција дека нема да бегаат ги предложиле нивните семејни статуси и бизнисите што ги имаат во Македонија.