380
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска и ја одзема дозволата за телевизиско емитување на телевизијата Сител 3.
Одлуката е донесена поради неплатен годишен надоместок за дозвола за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.
Годишниот надоместок кој Сител 3 не го платила изнесува 3.456.869 денари денари. Одлуката е конечна и Сител 3 има рок од 30 дена да поднесе жалба.