Христијан Мицкоски и раководствотo на ВМРО ДПМНЕ мора да си поднесат оставка“ по вчерашната судска разврска на случајот „Титаник“ со признанија на вина од обвинетите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер, реагираат од владејачката СДСМ.
„Врхушката на ВМРО ДПМНЕ, клучните играчи на осудениот криминалец Никола Груевски, признаа дека ја користеле моќта и противзаконски влијаеле на избирачко право, непријавувале извори на финансирање на партијата и користеле недозволени средства за изборните кампањи. Не само што 11 години ја фалсификувале волјата на граѓаните и направиле изборен криминал туку го злоуппотребиле и парите на народот.
Христијан Мицкоски кој му беше советник и генерален секретар на Никола Груевски треба да се извини, да поднесе оставка и да побара враќање на парите кај народот. Покрај Мицкоски, сите инволвирани во Титаник и други предмети треба да се повлечат од политиката, како Милошоски, Јанушев и многу други. Ништо не е сменето во ВМРО ДПМНЕ, двоецот Мицкоски – Груевски е без принципи, без морал“, се набедува во соопштението на СДСМ.