Министерот за образование, Јетон Шаќири рече дека до петок очекува да бидат доставени сите учебници. Ако е потребно, рече дека ќе побара да има достава и за време на викендот.
Тој нагласи дека веќе претходно информирал дека учениците ќе ги добијат учебниците кон крајот на септември и почетокот на октомври, како и дека во дел од училиштата има достава на учебници од 6-то одделение, кое ќе продолжи и во наредните денови.
-Сите учебници што се одобрени, се веднаш се издадени со договор за печатење. Одреден учебник има жалбени постапки кои не зависат од министерот. Овој септември имавме повеќе од 80% од сите учебници што се доставени. Овој септември за првпат имаме достава на учебници во гимназиско образование, после 10 години. Вака треба да се продолжи, кажа првиот човек во образованието, одговарајќи на новинарско прашање.