Сите сме различни, рече Ковачевски по повод светскиот ден на аутизмот

by Fokus

Премиерот, Димитар Ковачевски, повика на почитување на различностите по повод светскиот ден на аутизот.

„Сите ние сме различни. Се разликуваме по боја на очи, висина, пол. Се разликуваме по карактер, вештини, стравови, омилени нешта. И на случувањата околу нас секој може да гледа различно.
Денеска, на 2 април Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, испраќам порака за почитување на правата и способностите на секој поединец и избегнување на дискриминација, етикетирање и стигматизација.
Владата која што ја предводам посветено работи на системски промени за социјална инклузија и прифаќање на различноста“, порача премиерот.

Поврзани новости