360
Фотографии и видео материјал на социјалните мрежи од границата меѓу Русија и Грузија покажуваат долги редици сообраќај низ планински премин.
„Си-ен-ен“ пишува дека луѓе чекаат до 48 часа за да влезат во Грузија.
Редици се насобраа на Верхни Ларс од Северна Осетија кон Грузија и на други гранични премини, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела соопшти за делумна мобилизација.
На видеа може да се види како семејства и само машки лица чекаат да го поминат граничниот премин. Луѓе се доближуваат до преминот и пеш, влечејќи куфери.
Среде ненадејниот прилив, „ја притискавме владата да воведе визи и, или, да ги затвори границите“, изјави за „Си-ен-ен“, опозициската политичарка во Грузија, Нона Мамулашвили.