Сите што ќе ја прекршат самоизолацијата, веднаш ќе бидат пренесени во посебни центри за изолација

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави дека ќе има нова мерка за сите оние што ќе ја прекршат самоизолацијата. Подготвени се колективни центри за изолација и секој што ќе ја прекрши самоизолацијата, веднаш ќе биде пренесен во таков центар.

-Капацитетите и на полицијата и на АРМ се ставени во функција комплет. На основа на тоа ќе се подготвува посебен план и реусурсите да ги користиме до максимум. Дека постои проблем со одредени лица во самоизолација, постои. Затоа сега подготуваме една мерка.
Секој еден кој нема да биде во самоиозлација, при проверка директно ќе ги носиме во центри за изолација. Ние веќе имаме подговено капацитети. Нема да има пардон за никого, никој нема право да го загрозува здравјето на другото. Значи, и кривични пријави и изолација во центри за изолација, рече Спасовски.

 

Поврзани новости